All for Joomla All for Webmasters

За нас

Друштвото за  Производство трговија и услуги,  Ник  Монт  ДООЕЛ експорт - импорт, Скопје  е  основано во месец Април  04/2004 година од сопственикот Никола Пертушевски. Истото е замислено како друштво кое ќе работи на најтешките и најспецифични дефекти во електротехниката, електрониката, автоматиката  и  делови од машинството, но и производство на електрични инсталации и автоматики, разводни табли, монтажа на електроопрема и многу други поедноставни и посложени работи во електро областа и во областа на логистика и одржување, поврзана со истите работи.
Со текот на годините друштвото се стекна со многу големо и значајно  искуство во горенаведените области, стекна многу контакти со стручни соработници кои се дел од логистичката поддршка на друштвото и истите се ставаат на располагање на друштвото.

• Профил
ДПТУ ,,Ник Монт”  од своето основање на компанијата па се до ден денес, соработува со повеќе компании. Како компанија им пружаме логистичка поддршка на нашите клиенти и многу други услуги кои се побарани од страна на соработниците  да бидат извршени од нашата компанија.            

Ник Монт  поседува алати и опрема за изведба на сите сложени операции кои ги изведува  во просториите на друштвото и на терен. Ник Монт е компанија која извршува услуги на територијата  на  цела Р. Македонија и надвор од неа. Покрај тоа искуство што досега сме го стекнале, се трудиме да ги следиме и примениме  бројните унапредувања  и достигнувања  на техниката и технологијата. Инвестираме во алати, машини, едукација на кадар и се што е потребно за подобар развој и напредок  на друштвото.
 

Политика на квалитет,  Мисија и Визија
Се стремиме кон перфекција во областите кои ги работиме и наша мисија се секогаш задоволни клиенти и купувачи. а  квалитетот на нашите услуги,  говори и долгогодишното наше постоење и успешно справување и сработување на сите работни задачи кои ни биле доверени од страна на нашите клиенти.    

Визија/ Цел   
Ние како компанија, имаме за цел да остваруваме долгорочно партнерство со заедницата, клиентите, добавувачите и  останати луѓе. Се стремиме кон тоа да развиеме долготрајна соработка и партнерство со нашите клиенти, ставајќи огромна важност во исполнувањето на нивните желби и цели врз основа на нашите перформанси. Се  трудиме да прераснеме во сигурен и препознатлив бренд на компанија во електро областа и тоа не само во нашата земја туку и надвор од неа.